Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,84%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,215 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,740 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит ден/лит, додека
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 97,50 ден/лит.
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,50 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 90,00 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,50 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 97,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 52,740 (денари/килограм)












