ТЕРА

REKLAMA???

ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 2 ДЕНАРИ

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,41%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 95,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,473 ден/кг.. 

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 87,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 51,473 (денари/килограм)