Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,91%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,292 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,978 ден/кг.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,50 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 52,978 (денари/килограм)












