Дизелот поскапува за 3, а бензините за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на
07.04.2021 година, одржа седница на која донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со новиот Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21).

Со денешната Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се направи измена на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.04.2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.75/21), со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и го рива за транспорт, се променети согласно променетите износи на акцизите, дефинирани со прописите за акцизи.

Имајќи го во предвид погоре наведеното, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 05.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 3,00 денар/литар, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката од 05.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 13,50
денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 05.04.2021 година и со
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се променува и истата останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката од 05.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,779 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 58,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 58,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 34,779 (денари/килограм)“.

Сподели