Дизелот поскапува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат,
односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),
се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021
година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,00 ден/лит, додека
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 58,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 ден/кг во однос на цената утврдена
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 26.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,443 ден/кг

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 59,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 58,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 34,443 (денари/килограм)

Сподели