ДИК ги задолжи градоначалниците да ги дезинфицираат местата каде што ќе се гласа

Државната изборна комисија врз основа на одредбите од Изборниот законик, ги задолжува сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање, стои во соопштението до медиумите.

„За оваа законска обврска ДИК во неколку наврати во изминатиот период писмено ги извести единиците на локалната самоуправа, со цел  почитување на здраствените протоколи за спроведување на изборите, а поради заштита на здравјето на изборните органи, гласачите и учениците“ се вели во соопштението.

Сподели