ТЕРА

REKLAMA???

ДИК УСВОИ НЕКОЛКУ ПРИГОВОРИ ЗА ГЛАСАЊЕТО НА 8 МАЈ

Државната изборна комисија (ДИК) вчера почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.

ДИК од поднесените приговори од коалицијата „Влен“ еден прифати, а еден отфрли.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ,  пет од СДСМ и четири од Левица.

Државната изборна комисија синоќа го поништи гласањето на уште три избирачки места. Станува збор за избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно пополнет, има и корекција во делот на гласачи внесени со рачен внес.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.