Димитар Бежановски со краток „SciFi“ филм

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Димитар Бежановски од Битола, студент на ФИКТ, а попознат како создавач на играта G.E.O.R.G.E. со која освои прво место на државно ниво.

Битолчанецот кој направи „Sci – Fi“ краток филм во „Unreal Engine 4“, од типот на филмови кои се направени со принцип на „real time rendering“, кое претставува генерирање на компјутерска графика во реално време.

Во следните децении се претставува дека ќе се премини на исклучиво „real time“ графика за филмови, заменувајќи го класичниот начин на „pre-rendering“.

Во филмот се работи за војници кои се во мисија да го уништат кристалот сместен во храм кои кои држи рамнотежа во регионот и ги заштитува околните територии од напади.

Покрај нивната претпазливост, нив ги наоѓа заштитникот на овај храм и врши напад врз нив. Покрај тешка борба и неизедначеноста со заштитникот на храмот, повеќето војници загинуваат пред моќта на заштитникот. Еден војник успева да го избегни заштитникот и да го уништи кристалот, а со тоа и самиот себе…

Share.