ТЕРА

REKLAMA???

ДИМИТАР КУЗМАНОВСКИ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БИТОЛСКАТА ЛДП

Вечерва битолската ЛДП го одржа 9-то собрание на кое Димитар Кузмановски е избран за нов претседател на битолските либерал-демократи.

Кузмановски е човек кој скоро 20 години е член на партијата. Од партиските функции бил на местото секретар на партијата и  претседател на младите.

Беше кандидат за советник на локалните избори во 2021 година, а претходно и кандидат за пратеник на изборите во 2011 година.

Пред повеќе од 150 делегати, избран беше нов општински одбор и ново општинско раководство.
На ова изборно собрание присуствуваше и претседателката на ЛДП, Моника Зајкова и потпретседателот Валентин Груевски.
Повеќе за ова во утрешниот Актуел на Тера телевизија.