ТЕРА

REKLAMA???

ДИМИТРОВСКИ ИМ ГО ОБЈАСНУВА СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС, ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО НОВА БИТОЛА

Програмата за изменување и дополнување на програмата за одржување на комунални објекти, инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола за 2024 година, се најде на седница на Комисијата за јавни и комунални дејност, во пресрет на носењето на ребалансот на буџетот.

Претставникот на општинската администрација Маријана Спасевска, раководител на комуналното одделение рече дека со оваа програма од предвидените средства со буџетот кој што кога се носеше изнесуваат над 33 милиони денари, сега со ребалансот средствата кои што се потребни за реализиација на програмата со оваа измена, изнесуваат над 36 милиони денари.

Беше кажано дека во план е поставување на семaфори на пешачките премини на Широк Сокак, кај Камен Мост и Епинал.

Во развојната програма на општината за 2024-2026 година има измени во планираните расходи, во најголем дел префрлање на средства од 2026 вo годината пред неа.

Советникот од СДСМ, Борче Корлевски праша која е суштината да се префрлуваат парите од 2026 во 2025 година,  кога сега сме 2024 и во моментот зборуваме за ребаланс на буџетот за 2024, дотолку повеќе што според најавите ќе имаме нов ребаланс дека ќе имаме финансискиска помош од страна на централната власта за готови проекти и зошто ако овие се готови проекти не се префрлат од 2026 во 2024 година и одма да се реализиарат.

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски со појаснување дека средставата кои ќе додјат од централната власт не се средства кои мора да се потрошат во календарска година кога ќе се добијат.

Тој вели дека тоа се наменски средства кои што ќе легнат на засебни сметки за конкретните проекти со потпишани договори со матичните министрства од каде што ќе доаѓаат и додаде дека другото планирање, бидејќи најавата стои дека средствата ќе дојдат, логично е да биде во првата следна година.

Стана збор и за спортскиот комплекс за кој Корлевски рече дека за подготвување на проектната документација се предвидени 49 милиони денари, но дека локацијата не ја знаеме.

„ Ако биде во центарот на градот можеби ќе биде 100 милиони денАри“ рече Корлевски.

Димитровски објасни и за спортски комплекс.

„Се изготвува нов детален урбанистички план во Нова Битола, некаде областа во бизина на маркетот Веро, сега можеби да не згрешам, можеме точни податоци да доставиме во детали, јавното претпријатие веќе го изготвува деталниот урбанистички план, тој е во напредна фаза и стигнат е до планска програма и предвидено е да се гради таму спортскиот комплекс и на параметрите на таа парцела и врз основа на податоците кои што се добиени од идејниот конкурс, а секако во корелација со правилникот кој што е полноважечки и усвоен од министерството за транспорт и врски на архитектите се предлог цените, односно анализата е врз основа на тоа направена. Значи да, сумата изгледа дека е висока, но не би можел за една фела значајна како архитекти, да кажам дали е тоа многу или малку, но едно што знаеме и што е заеднички интерес е дека е потребно да имаме најсоодветен и најквалитетен основен проект, бидејќи од основниот проект ќе излези цената и сите други параметри за самата изградба понатаму“, објасни Димитровски.