Димитровски и Ковачевски со преписка преку Фејсбук

0
3221

Димитровски го обвини  Ковачевски, дека како директор на РЕК Битола, отпуштил 133 луѓе ангажирани во комбинатот повеќе од две години. Ковачевски возврати дека не е директор на РЕК и не може да отпушта од работа.

„Денес дојде “животот” и за 133 ангажирани во РЕК Битола, фамилијарни луѓе, татковци и мајки, се отпуштени после две и пол годишен ангажман!!! Се прашувам далу ова е воедно и првата одлука на новиот директор Васко Ковачевски“ вака на својот Фејсбук профил објави локалниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Борче Димитровски.

„Спин, Лаги и Манипулации. Во врска со денешниот ФБ статус на Б.Д. координатор на битолската ДПМНЕ (во распад), да појаснам:
1. Јас не сум директор на РЕК Битола, согласно тоа не можам да носам одлуки.
2. Договорот на АД ЕЛЕМ и Агенцијата за привремени вработувања завршува на 31.12 2017 и само тоа е причината за ВРЕМЕН прекин на ангажирани надворешни работници.
3. Доколку сакаше да покажи грижа за Битола и битолчани, имаше можност во изминатите години кога ја предводеше власта.
П.С. За РК Пелистер и спортот во нашиот град, нема да реплицирам со антиспортист“ напиша Васко Ковачевски од СДСМ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.