Димитров во Софија: Се бориме за датум за преговори во јуни

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека се прават големи напори да се убеди Грција, да прифати, Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ за време на бугарското претседателство.

-Тоа би бил голем повод за празнување. Правиме сѐ што можеме до јуни да има политичко решение. Правиме сѐ да ја убедиме Грција да биде дел од тој консензус. Тоа би била многу добра работа за Македонија, за Бугарија и сите наши соседи, за Балканот, но и за Европа, изјави Димитров.

Шефот на македонската дипломатија денеска во Софија каде денеска завршува неформалниот самит на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ соопшти дека не е планирана нова средба со грчкиот колега Никос Коѕијас во Софија. Грчкиот предлог за решавање на спорот за името се очекува во следните денови.

Тој вели дека грчката страна се уште работи на нејзиниот предлог за решавање на спорот за името, кој го најави министерот Никос Коѕијас, и се очекува тој да биде готов во „следните денови“.

novatv.mk

Share.