Димитров доручкуваше со Захариева, а на пладне ќе се сретне со Коѕијас

0
284

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денот во Солун го започна со работен доручек со неговата колешка од Бугарија, Екатерина Захариева. По ручекот следуваше министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на четирите соседни балкански држави Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.

-Направив стратегиска грешка со тоа што преговорите со Бугарија ги финализирав пребрзо и договорот беше лани потпишан во август, така што не ја гледам министерката толку често – се нашали Димитров на состанокот.

-Но она што се обидуваме да го направиме со Екатерина и Никос не е натпревар. Уверени сме дека можеме да бидеме среќно и стабилно место со иста цел, бидејќи се соочуваме со исти предизвици – додаде тој.

По првиот министерски состанок е планирана билатерална средба меѓу Димитров и Коѕијас, а по средбата е предвидена изјава на Димитров.

Како што информираа претходно од МНР средбата е можност за продолжување на разговорите за решавање на долгогодишниот спор за името. Министрите Димитров и Коѕијас, се очекува повторно да ги отворат т.н. најтешки прашања, односно опсегот на употреба на името што ќе се договори и барањето на Атина за промена на македонскиот устав.

fokus.mk