Димитров: Има разлики во македонскиот и грчкиот предлог за името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонија до Грција достави своја нацрт-спогодба за решавање на спорот за името, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој потврди дека ја добиле грчката нацрт-спогодба која што е предмет на анализа во моментов.

„Влегуваме во фаза кога има пишани документи. Нашата цел е да се најде разумно и достоинствено решение со кое ќе се направи дистинкција на Република Македонија со регионот во Грција. Има разлика помеѓу нашата и грчката нацрт-спогодба, но се надеваме дека ќе се надминат тие разлики, ако имаме единствена цел – решавање на долгогодишниот проблем“, изјави Димитров на денешната прес-конференција во Владата, додавајќи дека нема формални рокови за одговори на нацрт-спогодбите.

Димитров рече прво неделава ќе разговара со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во Скопје, а потоа и двајцата со посредникот Метју Нимиц во Виена на 30 март, која што ќе биде главна средба, бидејќи процесот се одвива под покровителство на Обединетите нации.

sdk.mk

Share.