Димитров и Коѕијас ги почнаа разговорите за предлозите за решавање на спорот за името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, започна официјалниот дел од посетата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас која што е во рамките на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри за надворешни работи, посветен на унапредувањето на односите меѓу двете земји.

По синоќешната заедничка вечера, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас ќе продолжат денеска во контекст на напорите за надминување на разликита околу името, како и на други билатерални прашања од заднички интерес, со акцент на имплементацијата на Мерките за градење доверба.

По средбата со Димитров, предвидена е средба на Коѕијас со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со премиерот Зоран Заев.

mkd.mk

Share.