Димитров и Коѕијас ги почнуваат преговорите за решавање на спорот за името

0
233

Со средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас вечерва во Виена, почнаа директните преговори за решавање на спорот за името меѓу двете страни, како што неодамна најавија и од македонската и од грчката влада.

Министерството за надворешни работи соопшти дека вечерва двајцата министри ќе имаат средба, а утре заедно ќе се сретнат со посредникот во преговорите Метју Нимиц.

Пред оваа средба на Димитров и Коѕијас, двете страни ги најавија своите ставови. Премиерот Зоран Заев рече дека Владата е подготвена за име со географска одредница, а грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска го повтори ставот дека рамката што го гарантира затворањето на проблемот е сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба за кое треба промена на македонскиот Устав и повлекување на сите сомнежи за иредентистички ставови.

mkd.mk