Димитров и Коѕијас под свое ги преземаат преговорите за името

0
685

Никола Димитров и Никос Коѕијас, шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција на 15 и 16 февруари ќе се сретнат во Софија на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, објави Независната Балканска новинска агенција – ИБНА.

Оваа средба во Софија под покровителство на медијаторот на ОН Метју Нимиц всушност ќе го означи почетокот на посуштинските преговори за името кога двете страни меѓусебно веќе се инфирмирале за позициите во однос на името и кога се очекува покажување на вистинската подготвеност за компромис и отстапки.

mkd.mk