Директори на џез фестивали од регионот гости на Џез фактори фестивалот

0
1444

Џез фестивалот во Кикинда, се одржува 16 години. Токму директорот и основачот Драган Влајниќ, беше гостин на првото издание на џез фактори фестивалот во Битола.

– Одлично се чувствувам тука, за прв пат сум во Битола, иако немав многу време да прошетам, она што досега го видов од градот е прекрасно-истакна Влајниќ и додаде-имавме прилика да присуствуваме на историско така да кажам, отворање на првиот џез фестивал во Битола, кој ако може да се предвиди по првото издание, ќе биде одличен и понатаму.

– Да се наметне еден фестивал од овој тип на овие региони е малку потешко, но со ентузијазам и упорна работа успеавме -вели Влајниќ.

-Ние сме упорни, не се откажуваме, само на тој начин со квалитетна музика, квалитетни музичари, добра соработка , затоа сме и тука, да се обидеме да на нашата публика и ги презентираме музичарите од регионот тоест Македонија, Хрватска, Словенија и слично-додава тој.

Мрежата на фестивали е по иницијатива на основачот на џез фестивалот од Петровац, Михајловиќ, во која мрежа членуваат и џез фестивалот од Кикинда, како и битолскиот џез фактори фестивал.

– Во овие наши земји, има одлични млади музичари, кои немаат прилика да се покажат на големите фестивали како например на скопскиот, белградскиот, тој во Нови Сад, Сараево, затоа сме ние тука, да им дадеме можност на младите уметници-вели Влајниќ.