Дискусија со полн стомак на АКТО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Прво леб па морал“ беше мотото на овогодинешното 14. издание на Фестивалот за современи уметности АКТО, кој се одвиваше од 29 до 31 август во Битола, а заврши метафорично со дискусија со храна, каде во просторот на некогашната галерија во Центарот за култура, познати личности од Битола приготвуваа храна, но и дискусија за идеите кои ги предложија од фестивалот, односно поставија место каде како што истакнаа дека тоа е место за размислување со полн стомак. Се готвеше и се разговараше за општествените и политичките проблеми, како и решенија за истите. Еден од уметниците кој готвеше во оваа АКТО кујна беше и музичарот Оливер Јосифовски, кој истакна дека овој настан започнал во стан кога биле студенти со Филип Јовановски.

А организаторите бидејќи ова им беше и последен настан од фестивалот, истакнаа дека се задоволни од тоа како помина ова 14. издание.

„Во овие 14 години се променија многу работи, пред се општеството“, посочува Јовановски и додава дека во фокусот на АКТО останува културата.

Во Битола за време на АКТО со свои перформанси се претставија уметници како од нашата држава, така и надвор од неа, а бидејќи фестивалот е организиран од организацијата „Факултет за работи што не се учат“ како што истакнува Васева и надвор од АКТО се во контакт со уметници од секаде, а да во однос на селекцијата за уметниците кои настапуваат на овој фестивал вели дека не е тешко да се стигне до нив, но апелира до оние кои го поддржуваат фестивалот финансиски, порано да им ги исплаќале средствата за да можат подобро да се организираат.

Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, а во рамки на Бит Фест 2019.

Share.