Дисциплинска постапка против тројца обвинители

0
320

Против тројца обвинители е покрената дисциплинска постапка поради сомнеж за пропусти во истрагата за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, објави „Телма“.

Дисциплинска постапка, како што објави телевизијата, е отворена против поранешни раководители во скопското и обвинителството за организиран криминал.

Сомневањата се однесуваат на тоа што тројцата обвинители не извршиле увид на настаните од 27 април во Собранието.