Диџеј Снејк на овогодинешниот ЕГЗИТ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На Тврдината ќе врие од самиот старт! DJ Snake го отвора EXIT со планетарните хитови тешки 16 милијарди прегледувања!

Една од најпопуларните музички ѕвезди на светот и авторот на најслушаните хитови на денешницата, DJ Snake доаѓа на EXIT! Популарниот парижанец ќе има чест да ја отвори големата прослава за 20 години на Фестивалот и со своето досега најголемо шоу на публиката ќе и ги испорача хитовите кои заедно бројат преку десет милијарди YouTube прегледувања и повеќе од шест милијарди слушања на Spotify!

Во јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад ќе ги слушаме неговите дијамантски и мултиплатинести синглови „Taki Taki“, „Lean On“ „Let Me Love You“ но и суперактуелниот „Loco Contigo“ на кој му гостува уште еден хедлајнер на Exit, популарниот американски рапер Tyga!

DJ Snake има соработувано со уште една ѕвезда на EXIT фестивалот, овој пат раперот од источниот брег, Sheck Wes, и тоа на нумерата „Enzo“, на која гостуваа  уште и Offset, 21 Savage и Gucci Mane. На листата соработници кои популарниот парижанец ги собира под својата диригентска палка се наоѓаат уште и Justin Bieber, Cardi B, Major Lazer, Selena Gomez, J Balvin, Sean Paul и бројни други.

Тој денеска ги предводи програмите на најголемите светски фестивали како што се Coachella, Lollapalooza, Tomorrowland и бројни други каде што неретко се наоѓа како единствен диџејски хедлајнер на ранг на најголемите групи на денешницата, како што се The Killers, Muse или Migos! DJ Snake е добитник и на две Billboard и една MTV награда, додека првата Grammy номинација му ја донесе соработката со Lady Gaga на албумот „Born This Way“. Поради овие неверојатни успеси, медиумите го споредуваат со неговиот сограѓанин David Guetta, а кога е ова градско ривалство во прашање, DJ Snake е и првиот музичар во историјата кој со директен пренос настапи на славната Триумфална капија во Париз!

DJ Snake од 9-ти до 12-ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се придружува на низа веќе потврдени музички ѕвезди како што се David Guetta, Fatboy Slim, James Arthur, Tyga, Boris Brejcha, Sepultura, Meduza, ZHU, Sheck Wes, Metronomy, ARTBAT, Marky Ramone, Agnostic Front и бројни други на долгата листа со изведувачи која опфаќа едвај половина од сѐ она што се подготвува за EXIT 2.0!

Влезниците за EXIT можат да се набават преку официјалната страница exitfest.org или mktickets.mk во Македонија, а во продажба се и туристички пакети кои покрај влезници опфаќаат и сместување и превоз, достапни преку официјалната туристичка агенција на фестивалот.

Share.