Дневникот на лудиот на Showcase во Хрватска

0
241

Битолскиот подвижен музички театар или Moving Music Theatre на Марјан Неќак ќе ја изведе моно-операта „Дневникот на лудиот“ на годинешното издание на Croatian show case 2018, show case на хрватскиот театар, каде ќе бидат презентирани најдобрите претстави од Хрватска. Дневникот на лудиот ќе биде изведена на 15 ти април во Загреб. Покрај гледањето на претставите се организириаат и разговори со авторите на истите, хрватските текстови се преведуваат на странските јазици и се воспоставува една мрежа на соработници кои можат и сакаат да ги афирмираат овие претстави . Дневникот на лудиот, е во изведба на хрватскиот актер Озрен Грабариќ. Видеото го изработи Марин Лукановиќ. Претставата Дневникот на лудиот, доби награда на 11-тиот по ред фестивал на медитеранскиот театар Пургаториј 2016 кој се одржува во Тиват, беше наградена и на фестивалот ПУФ во Пула, Хрватска, за поединечно и заедничко уметничко остварување и презентација на познатото дело на Гогољ, потоа на фестивалот Инфант во Нови Сад, на фестивалот Мали сцени во Риека, доби три награди и тоа за најдобра музика, награда за главна машка улога и награда доделена од весникот „Нови лист“за машка улога, а тука е и наградата од публиката на фестивалот на монодрама во Битола, награда во Србија на фестивал на монодрама, потоа на фестивал во Земун и од жири и од публика и многу други. Неќак во моментов работи на претставата Девојката со жиците во Љубљана. Moving Music Theatre (MMT) создава современа музика за театар и танц, современи форми на опера, музички и театарски експериментални изведби. Се стреми да ги претстави своите продукции насекаде низ светот. На своите патувања, ММТ е во потрага по продуценти кои се инспирираат од овој вид на театар.