ТЕРА

REKLAMA???

„ДНО“-НАЈНОВ ВИДЕО ЗАПИС НА АЛЕКСАНДАР ГУЛЕВСКИ

Најновата песна на Александар Гулевски е со наслов „Дно“ од албумот „НЕ“. Музиката и текстот се на Гулевски, видеото  е дело на Cottonbro Studio. Песната е снимена во студио Црноризец Храбар, мастерингот е на : CloudBonce. Гулевски благодарност упати и кон Сашо Миленковски и Атанасија Гулевска.

Песната е создадена како реакција на севкупната состојба и кај нас и во светот. Но, состојба која е во нас, во нашите души, умови, во нашето срце. Почнавме да живееме по инерција, некој живот кој е само тоа по име, а всушност, сите чувствуваме длабоко во себе дека нешто не е во ред. Дека нешто недостига.

Дно е последниот стадиум, подолу човечкото суштество не може да оди. Само Горан Стефановски отиде и подалеку, во неговата драма Дупло дно.

Инаку м-р Александар Гулевски  е историчар на уметност, Советник за црковна уметност и архитектура при Преспанско-пелагониската православна епархија.

Роден е на 29 јануари 1968 год., во Загреб.  Во 2008 год., со одлука на Mитрополитот Петар, поставен е за псалт во Соборната црква на Преспанско-пелагониската православна епархија „Св. Димитриј“ во Битола, со задолжение да го возобнови византиското црковно пеење. Објавува авторски текстови, главно од областа на византискиот фрескоживопис и иконопис. Го познава византиското црковно пеење, кое го проучува и практикува веќе три децении. Од 1996 г., вработен е во Светата митрополија Преспанско-пелагониска во Битола. Има објавено повеќе авторски трудови, текстов во книги, книгата: 40 Фејсбук приказни, преводи.Бил дел и од повеќе изложби, театарски и музички проекти меѓу кои: Македонски документ чекор прв – Fresh (Revolution), Скопје 1994 (CD),  Парите се отепувачка, Љубојна – Битола 2005 (CD), Македонско девојче I – Каролина Гочева, Скопје 2008 (CD), Шербет Љубојна – Љубојна и Исмаил Лумановски, Битола 2015 (CD), Дух – Дејан Дуковски (реж. Сашо Миленковски), Охрид 2021, Црнило – ВЕЛ, Битола 2021 (CD).