Добила на лото, а го изгубила добитното ливче во машина за перење

Жителка на Калифорнија истовремено е и многу среќна, но и несреќна. Имено, таа тврди дека освоила џекпот од 26 милиони долари, но добитното ливче го уништила при перење на панталоните во машина за перење.

За да биде заплетот уште помистериозен таа има доказ дека била снимена од надзорните камери додека го купувала ливчето. Но, рокот за да го приложи ловчето и да ја добие наградата бил до четвртокот.

Организаторите на лотаријата велат дека добивката мора да се пријави во рок од 180 дена од извлекувањето на 14-ти ноември.

Ако не се потврди добитничката, парите ќе се поделат на калифорниските јавни училишта.

Сподели