Добил отказ од работа па им се одмаздил на колегите

0
713

Поради отказ од работа 31-годишниот Небојша С. утринава упаднал во фирмата каде што работел и почнал да пука во своите колеги. Во пукањето убил еден од колегите, а ранил двајца и побегнал, пишуваат српските медиуми.

Драмата се одвивала на улицата „Рузвелтова“ во Белград. Смртни рани му биле зададени на 31-годишниот Бранко К., додека 36-годишниот Марко Ф. е ранет во рамо, додека Игор Р. Успеал да се спаси така што скокнал низ прозорот од станот.

Како што соопшти српската полиција, Небојша подоцна бил пронајден во својот стан на Звездара со тешки телесни повреди. Во неговиот стан полицијата пристигнала поради пријава дека избил пожар.

Според српските медиумите, Небојша се обидел да си го одземе животот. Пукал во плинска боца со што си го разнел станот. Од експлозијата се затресла целата зграда на улицата „Војвода Саватија“, а неколку часа подоцна пожарникарите успеале да го локализираат пожарот.

Небојша е жив, но лекарите од Ургентниот центар се борат за неговиот живот.

fokus.mk