Договорена рамка за компромис помеѓу Атина и Скопје

0
989

Никос Коѕиас и Никола Димитров до доцна синоќа преговарале и постигнале рамка за компромис за името. Но, договореното нема веднаш да биде објавено бидејќи пред двата преговарачки тима стои уште многу работа а се најавува и средба на премиерите Заев и Ципрас оваа недела.

„Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра“ изјави Димитров за МИА.

– Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме веќе тоа искуство да му дадеме шанса на процесот, додава Димитров.