ТЕРА

REKLAMA???

ДОГОВОРЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ УЧЕНИЧКИ И СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Ученички, студентски домови и други воспитно-образовни институции од југоисточна Европа се договорија на соработка на првата меѓународна конференција која се одржа во Белград, Србија.

На неа учествуваа домови од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Репубика Српска, Црна Гора и Унгарија.

„Имавме можнст да видиме, дека се потврдува и во пракса сите домови во секоја држава поединечно, но и домовите овде во регионот, кога ќе се направи некоја споредба, од една страна се специфични и посебни, а од друга страна дека се на некој начин слични, без разлика дали се работи за начинот на функционирање, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат“ рече Ненад Миленовиќ, директор на ученичкиот дом „Милутин Миланковиќ“ од Белград.

На официјалниот дел на конференција која се одржа во Парламентот на Србија свое обраќање имаше и претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Владимир Орлиќ.

„Би рекол од самиот почеток на својата работа, има неколку месеци наназад, секогаш праќаме јасна порака дека суштински сме заинтересирани за сите прашања кои се однесуваат на учениците, студентите, можностите и приликите да ги унапредиме во секоја смисла и се одзвавме на секој повик кој што го имавме од страна на учениците, студентите и нивните организации, односно луѓето кои со нив и за нив работат. И би рекол на тој начин ја потврдуваме искреноста во тоа. Знаме дека младите треба да бидат задоволни луѓе, успешни, бидејќи на нивниот успех се темели се останато“ рече Орлиќ.

На оваа конференција учествуваа и претставните на ресорните министерства од сите земји учеснички. Пред присустните се обрати и Агим Шаќири, шеф на кабинетот на министерот за образование на Македонија, кој рече дека Унапредувањето на ученичкиот и студентскиот стандард е еден од клучните приоритети на Министерството за образование и наука, при што особено се води грижа за обезбедување на подобри услови за сместување и престој во студентските домови. Во таа насока, по низа реконструкции на ученичките домови, започнаа и подготвителните активности за спроведување на најкрупниот инфраструктурен проект поврзан со државните студентски домови  кој предвидува нивна целосна обнова и трансформирање во енергетски ефикасни објекти, за што ќе се вложат 25 милиони евра. Станува збор за реконструкција на вкупно 8 објекти во кои ќе се подобри основната удобност и структурниот интегритет.

„ Обвнова на електрината опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби и ткн. со цел да се подобри средината на живеење и учење на студентите. Покрај тоа таму каде што е можно треба да се користат извори на обновлива енергија, како фотоволтаична и соларна топлинска енергија. Целта на програмата е да придонесе за подобри услови за живеење и учење на самите студенти. Покрај заемот од германската равојна банка, програмата исто така е подржана и од Европската комисија, преку регионална програма за енергетска ефикасност, рамката за известиции на Западен Балкан. Оваа конференција се одржува во вистински момент за нас, бидејќи во соработка со владата, со здруженијата за млади и здруженијата за ученички и студентски домови работиме на изработка на нов закон, со кој меѓу другото сакаме да го реформираме начинот на финансирање на ученичките и студентските домови и така да го подобриме стандардот на нашите млади во нашата држава, па оттаму сме отворени за секаков вид предлози и решенија, кои би можеле да помогнат во оваа насока“ рече Шаќири.

Од Македонија учествуваа домови од неколку градови, а од Битола државниот ученички дом „Мирка Гинова“.