Доделена наградата ИМАГО на ИФФК.Браќа Манаки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Белград, во присуство на светски познати имиња од филмската сцена, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ свечено му беше врачена наградата за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.

Оваа престижна награда ја доделува ИМАГО, Меѓународната асоцијација на кинематографери на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди.

Директорката на фестивалот, Евгенија Теодосиевска и уметничкиот директор Благој Куновски – Доре присуствуваа на овој значаен настан за фестивалот и за македонската култура, бидејќи нашиот фестивал е единствената институција на која и’ е доделено ова високо признание од ИМАГО.

На свеченоста настапија и Билја Крстиќ и групата Бистриќ, кои помеѓу останатите песни ја изведоа и Јовано Јованке.

Оваа година фестивалот Браќа Манаки ќе го има своето јубилејно 40 то издание и истиот ќе започне на 14 ти септември.

На истата свеченост им беа доделени награди на познатиот американски  кинематографер Едвард Лакман, за животно дело, на Рејчел Морисон , кинематограферка од САД  и на оскаровецот Дејвид Стамп за извонредни технички достигнувања.
Церемонијата се одржа во познатата Југословенска кинотека.
Во конкуренција за наградите се најдоа професионалци кои беа зад камерите на 39 играни филмови,26 телевизиски серии, 31 документарен филм, 28 студемтски филмови и 18 долгометражни филмови во категоријата млади сниматели.
За оценување на најдобрите филмови од секоја категорија беа вклучени вкупно 60 членови на жирија на Имаго асоцијацијата, а најдобрите во својата категорија беа наградени со кристална статуетка.

Оваа манифестација претставува централен настан на годишно ниво на интернационалната федерација на кинематографери кои од 12 ти до 17 ти март престојуваа во Белград, а во организација на српската асоцијација на сниматели.

Манифестцијата беше затворена со настапот на дувачки оркестар.

Share.