Доделени годишните училишни награди на Сојузот на училишни спортови

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска во основното училиште ,,Свети Климент Охридски,, во Битола, во присуство на градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, беа доделени училишните годишни награди на Сојузот на училишни спортови со поддршка на општина Битола.

Најдобрите од сите основни училишта и средни училишта во градот во сите категории на спорт се закитија со дипломи и награди, за што беше посочено дека за нив ќе биде дополнителна мотивација и натаму да се занимаваат со спорт и да постигнуваат што поголеми успеси, вели Предраг Созовски, член на Управниот одбор на Сојузот на училишен спорт.

Спортот во Битола има голема поддршка од општината, заради што денеска на градоначалничката Петровска и беше врачена благодарница за посебен придонес во поддршката на спортот.

Петровска посочи дека општината и натаму ќе го поддржува спортот, а посебен акцент ќе биде ставен на анимирањето на нови донатори во интерес на развој на спортот во градот.

,,Значи овде е посебно весел ден како што гледаме. Завршница на натпреварите во училишниот спорт. Денеска ги имаме победниците на сите тие натпревари и секогаш сум велела и сакам да потврдам дека училишниот спорт е токму таму каде што е расадникот на спортот и тој е токму оној кој треба да биде поддржан од општина Битола. Моите заложби во иднина ќе бидат токму во таа насока максимално да биде поддржан спортот и да се зголемат средствата токму за училишните спортови наспроти она што значат професионалните спортови, затоа што професионалниот спорт треба согласно други законски одредби кои што се сега овозможени да  биде финансиран да кажам и од други извори, затоа што само на тој начин би имале добар расадник и би имале добра завршница во делот на професионализмот.,,-вели Петровска.

Во тој контекст се истакнува можноста донатори од бизнис секторот да насочат дел од своите средства за поддршка на спортот, а за тоа да имаат одредени даночни ослободувања, вели градоначалничката Петровска.

,,Јас не случајно ги споменав законските одредби кои што ги имаме. При разговори со стопанствениците им посочувам дека практично имаат прекрасна можност дел од своите средства да ги наменат токму за спортот. Според она што досега сме го разговарале има расположени и дури и самите се јавуваат за некој начин да дадат импут финансиски во спортот во Битола. Јас очекувам дека во таа насока ќе се движат работите во следниот период, што би било навистина добра основа за да се подобрат спортските услови и околности во Битола. Значи тие можат дел од своите средства да ги наменат директно за спорт и спортски активности, а со тоа да бидат ослободени од некои даночни обврски.,,-вели градоначалничката Петровска.

Спортските активности се начин младите да стекнуваат здрави животни навики.

Доделувањето на училишните награди е традиционално и се организира на крајот на секоја учебна година.

Share.