Доделени наградите на ЗНМ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Наградата за најдобра истражувачка сторија ја добија Менче Атанасова Точи и Снежана Лупевска Созен, а наградата за животно дело му припадна на новинарот Љубомир Гајдов.

Новинарката на НОВА, Менче Атанасова Точи е добитник на наградата за истражувачно новинарство„Јашар Еребара“ која ја доделува ЗНМ. Наградата ја доби за сторијата „Гинеколог девет месеци лажел пациентка дека е бремена“.

Станува збор за сторија во која освен фрапантните откритија за жената жртва на гинекологот, открива и серија други жени кои биле манипулирани,  па се до откритието каде се чувани јајце клетките од жените кои требало да бидат оплодени со ин витро. Серијалот стории имаше своја завршница, на гинекологот му беше одземена лиценцата за работа на седум години, по што доби и отказ од работа. По ова, ОЈО отвори истрага, а во тек е судски процес против него каде што ќе сведочат дел од жените кои што биле злоупотребени.

Наградата за најдобра истражувачка сторија ја доби и Снежана Лупевска Созен за емисијата КОД, а наградата за животно дело му припадна на новинарот Љубомир Гајдов.

Лупевска Созен и нејзиниот тим во емисијата „Код“, кој го сочинуваат Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска, се наградени за сториите поврзани со настаните од 27-ми април,

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани им честиташе на добитниците на наградите и истакна дека тие се пример за тоа како треба да изгледа еден новинар во слободна и демократска земја.

Здружението на новинари на Македонија, со ова одбележува и 72 години од своето постоење.

Share.