Дождот кој вечерва падна и во битолскиот регион помогна во гаснењето на пожарот, но се уште постојат жаришта кај Смолево, рече вечерва за Тера телевизија, градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој беше на локацијата.
Врнежите не беа обилни и интензивни за да го неутрализираат целосно.
Коњановски вели дека екипите остануивата на терен и се во координација со Центарот за управување со кризи.
Попладнево директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека за планот за утре имаат неколку сериозни пожари.
„Штотуку ми јавија дека пожарот кој избувна до Битола се движи кон Пелистер и претставува голема закана за зимзелените дрвја на Пелистер и нашиот фокус најверојано ќе биде ставен овде“ рече Ангелов.
Командирот на противпожарната единица на Битола, Горан Димковски изјави дека запалена е борова шума, претежно високостеблеста шума и дека теренот е непристапен. Околу се распоредени екипите, но невозможно е да се влези внатре да се гасни, вели тој.
Рече сега се обидуваат со засеци, онаму каде што има процепи, ливади да го пречекаата, прават обиди, а боровата шума е опасна.
Целата противпожарна единица е таму, има и од доброволните друштва, од јавните претпријатија и од националниот парк.