Дожд во пониските, снег на повисоките места

0
388

Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне и во вечерните часови, особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 л/м2. Во југозападните делови можна е појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, најизразен вдолж Повардарието. Температурата ќе достигне од 7 до 12 степени.
Утре и во петок ќе преовладува стабилно време, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и снег, како и заладување се очекуваат за време на викендот.