Дожд, засилен ветер, снег, а некаде и снежни наноси

0
677

Од попладнево врнежите се проширија насекаде низ Македонија, пообилни на запад и североисток (локално над 30л/м 2 ).

Дува засилен југозападен ветер (над 70 км/ч, а на планините и над 100 км/час).

Во вечерните и ноќните часови ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места, а во
северозападните подрачја ќе има услови и во пониските делови. На планините претежно на запад ќе има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 30см, а ќе има и појава на снежни наноси.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени