Докторка од Ниш е четвртата жртва во Србија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Словенија забележа нова жртва на коронавирусот, со што бројот на починати во земјата се искачи на четири лица.

Станува збор за повозрасна жена сместена во домот за стари лица во местото Шмарје кај Јелшах, која имала повеќе хронични заболувања.

Бројот на жртви во Босна и Херцеговина достигна три лица, откако денеска почина жена.

Како што наведува порталот, станува збор за постара жена која не пријавила дека била во контакт со својата ќерка, која била во Италија.

Во меѓувреме во Турција бројот на починати од Ковид-19 достигна 44 лица.

Во Албанија регистрирана е петтата жртва од коронавирусот, а ново дијагностицирани се 19 случаи од 74 тестирани лица.

Докторка гинеколог од Ниш, е првата жртва меѓу здравствените работници заразени од коронавирус во Србија.

Бројот на починати лица во Србија е четири.

 

Share.