Долините на душата – нова поетска книга на Кире Неделковски

0
334

Новата поетска книга Долините на душата од Кире Неделковски, е објавена од издавачката куќа Панили од Скопје. Во педесеттина песни поетот го дополнува својот духовен дневник со новите сознанија и размисли за животот и минливоста.

Во седум циклуси поетот како духовен номад патува со своите размисли и ги бележи инспиративните мигови од Охрид, Струга, Вевчани, Велестово и други мест аниз кои поминал.

Оваа медитативна поезија ги обновува сеќавањата за Прличев, Конески, Чинго и други автори за кои Неделковски размислува и пишува свои согледувања.

Неделковски има објавено дваесеттина поетски книги и неколку избори во Матица. Учествуваше на сите поетски фестивали во Македонија, а застапуван е во повеќе избори и антологии.