Долниот дом на францускиот Парламент одобри нов закон за азил

0
100

Долниот дом на францускиот парламент со големо мнозинство одобри контроверзен закон кој ги заострува правилата за азил.

Според него, времето кое илегалните мигранти можат да се држат во притвор се зголемува на 90 дена, се намалува рокот за поднесување барање за азил, а илегалното преминување граница се казнува со едногодишна казна затвор или со парична казна. За законот гласаа 228 пратеници, 139 беа против а 24 воздржани.