ТЕРА

REKLAMA???

ДОМИНАНТНА ПОБЕДА НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 ПРОТИВ СКОПЈЕ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 5. коло од Супрерлигата пред својата публика остварија рутинска победа против тимот на Скопје, со резултат 28-19, во натпревар од групата Б. Домаќините од почеток до крај на натпреварот ја диктираа играта и со убедлива победа се загреаја за дерби дуелот против Тиквеш во рамки од следното коло.

Јовиќ им даде шанса на сите ракометари и тие максимално ја искористија, лесно го скршија отпорот на ривалот и запишаа трета победа во сезоната. Одличен натпревар одигра Петар Атанасијевиќ, го следеше Петровиќ, голманот Печурица беше на ниво, а младиот Христијан Митревски одлично ја искористи својата минутажа. Стручниот штаб на домашната екипа им даде шанса и на младите Ристевски, Димовски и Јанковски, кадети кои дебитираа за сениорската екипа на Еурофарм Пелистер 2.

Со еден пораз од Пролет и реми со Еурофарм Пелистер, првиот дел од регуларниот дел на групата Б на Суперлигата, тимот на Еурофарм Пелистер 2 го заокружи со три победи и добра почетна позиција пред продолжувањето на сезоната.