Дом за Ром – бесплатна правна помош за легализација

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамките на проектот „Дом за Ром“ кој е под-грант на Национален ромски центар – Куманово во партнерство со Симбиозис 12 и ОРМ Бела Кула, финансиран од делегацијата на Европска Унија, Ромско Јато и СФЕРА Интернешнал како имплементатори организираа отворена Трибина каде што заинтересираните добија информации за процесот на легализација на бесправно изградените објекти и бесплатна правна помош околу тоа прашање.

Настанот го проследија повеќе од 100 граѓани од населба баир кои беа заинтересирани за процесот и најавата за нов закон за легализација во 2020.

Share.