Доналд Трамп го условува Ким Јонг Ун

0
242

Средба меѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер, според Белата куќа, е можна само ако Пјонгјанг пружи докази за денуклеризација на земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се сретне со севернокорејскиот властродржец Ким Јонг Ун сѐ додека тој не преземе „конкретни чекори и конкретни мерки“, изјави портпаролката на Трамп, Сара Сандерс во Вашингтон. Ким даде големи ветувања, во што спаѓа и денуклеризација на неговата земја, а САД очекуваат тие да бидат исполнети.

Терминот и местото на состанокот уште не се утврдени. „Ќе потрае неколку недели додека да ги детализираме сите работи“, изјави американскиот министер за надворешни работи, Рекс Тилерсон при посетата на Џибути. Тој потврди дека во последно време засилено се контактирало преку новоотворени канали за комуникација. „Она што се промени на речиси драматичен начин, е ставот на Ким Јонг Ун. Да кажам сосем искрено, неговата подготвеност за надминување на спорот, презентирана во разговорите со делегацијата од Јужна Кореја, е помалку изненадувачка“, истакна Тилерсон. Од извори на јужнокорејската влада се споменува можност средбата на Трамп и Ким да се одржи до крајот на мај.

www.dw.com/mk