Донација за заводот Кочо Рацин

0
917

Уште една донација за Завод за рехабилитaција на деца со оштетен слух и говор Кочо Рацин во Битола. Школски прибор и други пригодни подароци за штитениците на овој дом.

Децата од Хелен Дорон Битола ги собраа, а денеска им беа донирани на учениците од Кочо Рацин.


Повеќе од 70 ученици се згрижени во оваа установа, која е од отворен вид. Од 73-те, 40 се интернатски сместени.


Вилма Петреска-Анастасова веќе еден месец е на раководното место како вршител на должноста директор и вели дека е задоволна од состојбите кои се во домот.

Според неа, заводот секогаш има потреба од школски прибор, но добредојдени се и сите други донации.

И ланската година Хелен Дорон Битола донираше во овој завод.