Донација на битолските јавни претпријатија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолските јавни претпријатија Нискоградба, Комуналец, Водовод, Пазари и Паркинзи се организираа и донираа пакети со хемиски средства, кои преку битолскиот Црвен Крст, ќе стигнат до ранливи категории на граѓани на кои овие средства му се најпотребни во овој момент.

Од претпријатијата велат дека остануваат општествено одговорни и понатаму.

Во меѓувреме општинска организација на Црвениот крст- Битола во соработка со ЈП Комуналец, Општина Битола и другите јавни претпријатија соопштува дека во тек е кампања за регрутирање на волонтери кои имаат познавање од работа со пумпи за дезинфицирање и поседуваат вакви пумпи.Од таму ги повикуваат сите заинтересирани да се пријавите на телефонот 047 236 019 секој ден од 12 до 16 часот, за да биде изработена база на податоци.

 

Share.