Донација на спортски реквизити за средните училишта од Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Секое средно училиште во Битола доби спорски реквизите во висина од по 10 илјади денари од страна на општина Битола.  Целта е да се поттикне спортскиот дух и градење на здрави навики кај младите.

„Завршивме со неколку реконструктивни зафати во училиштата во Општина Битола, во вредност од над 380 000 денари и во таа насока ќе продолжиме и следниот период. Она што е исклучително значајно, покрај реконструктивните зафати, е збогатувањето на нагледните средства во училиштата. Денес сме овде да промовираме опрема, обезбедени се по 10 000 денари за секое средно училиште, исклучиво за намена на спортски реквизити и овозможување на јакнење на спортскиот дух кај младата популација. Како локална самоуправа, овозможивме и во ОУ Ѓорѓи Сугарев да имаме спортски активности на децата кои досега беа инклузивно невклучени во спортските активности, односно децата кои што имаат посебни потреби. Исто така, најавувам дека во следниот период ќе следува парична активност во функција на јакнење на спортските капацитети во основните училишта. Имајќи ја предвид, финансиската состојба на нашите училишта, ова е единствениот начин како би можеле да ја зголемуваме и подигнуваме кондицијата и атмосферата за што поблагопријатна атмосфера на учениците во Општина Битола“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Оваа донација е од големо значење бидејќи со овие спортски реквизити ќе им се овозможи на учениците поефикасна подготовка на екипите за претстојните натпревари во сите спортски дисциплини.

„Морам да потенцирам дека за првпат од Општина Битола се прави ваков вид на набавка на опрема и значајно е за подготвување на екипите за претстојните натпревари и одржување на натпреварите во сите спортови”, изјави Михајло Трампевски , претседател на ОСУС – Битола. 

Градоначалничката најави дека во следниот период ќе следува парична донација и за основните училишта од градот.

Share.