ТЕРА

REKLAMA???

„ДОСТА Е ОД СТАРИТЕ, ДА ГИ ПУШТИМЕ МЛАДИТЕ ДА ВОДАТ НАПРЕД“

Доста се старите, време е младите да ја оправат државата, сметаат граѓаните од Штип кои одговараа на прашањата за промените и иднината во втората епизода на „Внимание, внимание“.

Гласот на граѓаните го повикуваат Дениз Абдула и Трн во видео-анкетата која се емитува секој четврток на каналите на „Трн.мк“ (на Фејсбук, YouTube и на Инстаграм).

Повозрасните испитаници кои застанаа пред микрофонот на „Трн“ одговорија дека младите се тие што треба да ја оправат државата, додека студентите исто така сметаат дека иднината е во младите.

Тие ги повикуваат своите врсници да се ангажираат за да ги предизвикаат промените тука, дома. Заминувањето надвор е опција, но повеќето млади и студенти сакаат својата иднина да ја градат тука.