Дојава за бомба во авион на аеродромот во Белград, евакуирани 130 патници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утринава од аеродромот „Никола Тесла” во Белград беа евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот од авионот на германската компанија „Луфтханза“ поради најава дека има бомба во авионот, објави Танјуг повикувајќи се на „Вечерње новости“.

Авионот беше во подготовка за лет кон Франкфурт.

На аеродромот „Никола Тесла” беше испратен полициски конрадиверзиски тим.

Како што објавија од аеродромот „Никола Тесла”, во утринските часови имаше „вонреден настан при подготвувањето на летот до Франкфурт”.

„Сите одговорни служби, вклучувајќи ги аеродромските услуги, веднаш реагираа во согласност со процедурите за да обезбедат највисоко ниво на безбедност за патниците и авионите, како главен приоритет”, се вели во соопштението на аеродромот.

Како што додаваат, „воздухопловниот сообраќај на аеродромот ‘Никола Тесла’ во Белград се одвива според предвидениот распоред за летови“.

Share.