ТЕРА

REKLAMA???

ДО КРАЈОТ НА ФЕВРУАРИ ГРИПОТ ЌЕ ЈА ИЗГУБИ СВОЈАТА СИЛА

Ковидот не е веќе ексклузивен вирус, повторно грип ги предизвикува сите здравствени проблеми кои се јавуваат кај битолчани деновиве. Од Центарот за јавно здравје  ( ЦЈЗ ) засега уверуваат дека нема место за загриженост и дека до крајот на месец февруари грипот ќе ј изгуби својата сила. Но, потсетуваат дека вакцинација и општите мерки за заштита треба да се применуваат.

Последните три недели пациентите кај своите матични лекари се појавуваат со течење на нос, сува кашлица, зголемена телесна температура, болки во зглобовите, главоболки и силна малаксаност. Тоа се должи на влијание на некој вирус и не е бактериско заболување, велат матичните лекари кои се првата линија на заштита на здравјето, кадешто доаѓаат пациентите.

Нивна законска должност е да ги пријават дијагностицираните грипозни состојби во Центарот за јавно здрвје од каде засега уверуваат дека нема простор за загриженост, се работи за сезонски вирусни респираторни, но заразни состојби.

„Не можам да кажам дека станува збор за еден тип на вирус затоа што се повеќе респираторни вируси, но според статистичките податоци со кои располагаме во одделението по епидемиологија можам да кажам дека најпријавуван микробиолошки изолат, на прво место, зборувам за месец декември и почетокот на јануари ни е респритаторниот синцициелен вирус, познат во јавноста како РСВ, а на второ место тоа е вирусот на грипот односно на инфлуенца.“ вели Д-р Светлана Поповска-Кљусева, спец. Епидемиолог, од Центарот за Јавно здравје Битола.

Ковид вирусот е присутен, ама по три години од пандемијата, сега спаѓа во нормалните белодробни вируси за кои е потребна терапија со таблети против болка, терапија за намалување на температурата, сирупи за намалување на кашлица и внесување на многу течности и витамини, велат матичните доктори.

„Да, КОВИД 19 како болест сеуште постои, вирусот е сега респираторен вирус исто како останататите респираторни вируси, го имаме, сеуште постои и можам да кажам по РСВ, по ИНФЛУЕНЦА ,вирусот КОВИД 19 исто така е пријавуван.“ вели таа.

Податоците и од матичните доктори и од службата за итна медицинска помош кои пласираат неформална бројка од 100 пациенти дневно зборуваат дека вирусите доминираат во животот на луѓето во моментов. Најдобриот начин да се заштити човечкиот организам од потенцијалните последици е вакцината против грип којашто во Центарот за јавно здравје сеуште ја има.

Според д-р Поповска-Кљусева досега се вакцинирале неколку илјади граѓани од целиот регион.

„Вакцинацијата започна во месец октомври, тогаш и се препорачува да започна за да има период да се стекне имунитет. Периодот потребен за стекнување на имунитет е отприлика околу две недел од вакцинирањето. Вакцини сеуште имаме. На ниво на регион дадовме над 6.700 вакцини и бесплатни и комерцијални. За бесплатната вакцинација луѓето се пријавуваат преку Министерство за здравство на интернет странта vakcinacija.mk  и тоа се ризичните груп, лица над 65 годишна возраст, здравствени работници, бремени жени, лица со хронични болести и деца на возраст до 6 години. Сите лица кои не спаѓаат во оваа категорија може да ја добијат комерцијалната вакцина.“ додава д-р Поповска-Кљусева.

Студениот воздух, собирите во затворен па и на отворен простор и традицијата којашто налага семејни и групни собири се потенцијална мала опасност доколку не се внимава на сопственото здравје .

Епидемиологот Поповска-Кљусева препорачува.

„За заразна болест најдобра мерка за заштита секогаш е вакцината, за грипот ја имаме. Но, како општи мерки за превенција кои важат за сите респираторни болести и за грипот и за РСВ и за ковидот се истите, избегнување на затворени простории и места каде што има многу гужва, да се носат заштитни маски правилно на тие места, почесто да се проветрува и да се избегнува контакт со заразени лица.  Та што е важно, заболените, кога веќе знаат дека се болни , ги имаат првите реписраторни симптоми да оставнат во една т.н домашна изолација којашто ни е доста позната по КОВИД пандемијата. Тоа не е само за да се спречи пренесувањето на болеста на други , и тоа е важно , и за самите пациенти – нив им треба мирување за побрзо и полесно да закрепнат и побрзо да се вратат на секојдневните активности. “