До четврток студено, затоплување за време на викендот

0
212

Времето денеска променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.Според информациите на УХМР до утрово до 7 часот висината на снежната покривка беше 6 см во Прилеп,20 во Битола, а најмногу снег во Маврово од 90 Маврово.

Најстудено со -10 степени беше во Маврово,-8 Крушево, -6 Тополчани и Прилеп, Виница, -5 Битола и -2 Охрид.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под -10 степени. Во петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На некои места има остатоци од кашест снег, а на одредени патни правци кои минуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Воедно информира дека уште се на сила забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.