Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ е во тек и ќе трае до 20:00 часот.
Првиот пресек што го направи и соопшти Централната изборна комисија е за до 14:00 часот, од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, излезени се 6.760 членови или 28.61%.
Избирачкиот список брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ.
До 18:00 часот на гласање излегле 40 проценти од регистрираните, односно 9630 членови.
За овие избори во Битола со право на глас се 1230 членови кои се активно регистрирани. Од нив до 18:00 часот гласале 44 проценти или 545 гласачи.
За овие избори до пред некој ден имаше четворица кандидат, Венко Филипче, Александар Бајдевски, Јован Деспотовски и Славјанка Петровска која вчера рече дека ја повлекува кандидатурата.












