До 2025 речиси невозможно е некоја земја да влезе во ЕУ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар вели дека во стратегијата има две пораки, тоа се земјите кои треба да пристапат до ЕУ и другата за членките во ЕУ. Со стратегии за образование, билатерални односи, економско-социјално подобрување преку ЕУ фондови, енергетскиот сектор, ќе се надминуваат проблемите со кој земјите во регионот се соочуваат.

„Самата стратегија препознава дека во Македонија е направен значаен прогрес во реформите во изминатите месеци, но исто така се кажува дека комисијата е подготвена да спреми преговори за вклучување на Македонија. Овде значајно е да има национален консензус за проширување кон ЕУ. Треба да се поддржат реформите кои исто така се спроведуваат.

Ова е од двете страни, од Владата која треба да се прилагоди кон барањата на опозицијата, а пак опозицијата да учествува во работата на Собранието. Овие процеси треба да се направат со сите страни. Треба да се нагласи вклученоста на граѓанското општество кон оваа мисија. Видов една анкета овие денови, каде граѓаните велат дека граѓанскиот сектор треба да работи со Владата за остварување на реформските цели. Се надевам дека ќе гледаме позитивни работи“, вели Жбогар, во врска со интеграција на Македонија во ЕУ.

„Како што знаете, добрососедските односи се едни од принципите на ЕУ и се однесува на сите земји. Ќе видите дека во стратегијата има многу дискусии за односите. Сите овие прашања треба да се решат пред влез во ЕУ. Нема да се прифатат земји кои имаат вакви отворени прашања. Во изминатите месеци, може да се видат неколк охрабрувачки чекори. Договорот со Бугарија е доказ дека две земји на свој начин самоиницијативно си решаваат свои прашања. Сега имате силен партнер во ЕУ. Исто така, беа обновени преговорите со Грција, а тоа е охрабрувачки. Многу е добро ако постои дијалог. Мислам дека има атмосфера за решавање на овој проблем. Веруваме дека процесот ќе заврши успешно. Самите преговори се одвиваат под закрила на ЕУ и треба да продолжат кон таа насока. Зошто следните 6 месеци се значајни а 2018 е значајна година? Бидејќи многу ѕвезди се поставени. Кога ЕУ кажа дека нема да има проширувања, видовме разочарувања, а регионот почна да се распаѓа. Минатата година, ЕУ обрна посено внимание кон ова прашање. Станува збор за уште една година, пред да се случат изборите во ЕУ, во мај. Оваа година со ЕУ претседаваат земји кои имаат силен интерес за овој регион и затоа мислам дека постои таа поволна поставеност на ѕвездите. Исто така ниту вие ниту Грција имате избори, оваа година. Можеби полесно е да се донесат вакви одлуки. Затоа сметам дека поставеноста на ѕвездите е поволна и сметам дека следните 6 месеци ќе бидат исто така значајни“.

„Датумот е поставен како цел, кој што комисијата верува дека е реалистичен датум. Самата комисија верува дека 2025 година кога новите земји ќе можат да влезат во ЕУ. Како што кажав самите реформиски процеси и преговорите, овој датум нема да се реализира. Треба да се случи нешто драматично за да се случи тоа. Мора да се каже дека стратегијата е значаен дел во сложувалката на ЕУ. Мора да кажам дека постои потенцијал. Ова е потенцијален датум, да биде охрабрувачки, за земјите да постапат правилно“, вели Жбогар

„Стратегијата многу јасно вели дека местото на земјите од Балканот треба да бидат во ЕУ. Стратегијата поставува временска рамка од две години, која е мошне амбициозна но и потенцијална, посебно за земјите кои се во фаза на преговори за ЕУ, но можат и другите да влезат во ЕУ уште пред оние кои моментално преговараат. Во однос на годината 2025 година, потребно е да се смени ЕУ, но меѓутоа и процесот на реформи треба да се смени. Стратегијата вели дека ЕУ треба да стане посилна пред да стане поголема. Стратегијата за западен балкан е една загатка во големиот процес кој треба да се случи. Од страна на Западниот балкан јасно беше кажано дека засега ниту една држава не е подготвена да велзе во ЕУ. Каква што е состојбата моментално, нема да може да се дојде до влегување, бидејќи треба да се промени начинот на спроведување на реформите, како и начинот на преговори. Стратегијата има нова динамика од страна на регионот за да може да ги регистрира овие недостатоци, во однос на сите прашања. ЕУ во рамките на стратегијата се залага да ја засили својата соработка во регионот, вклучително и со поголема сума кои ќе се слеат во земјите. Овие шест водечки иницијативи, ја демонстрираат огромната желба на ЕУ, заедно со земјите кандидати за членство да отпочне и заврши процесот“, додава Жбогар.

a1on.mk

Share.