До 5 часот изутрина ќе бидат санирани дефектите на водоводната мрежа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Екипите на ЈП „Водовод“ работат на отстранување на дефектите кои се случија  синоќа на три места во Битола. Како што пред малку изјави за Тера телевизија директорот на ова јавно претпријатие Горан Козаров, до пет часот изутрина истите ќе бидат отстранети и ќе биде нормализирано водоснабдувањето во реоните каде што се случија.

Како што претходно објавивме поради големата температурна разлика и обилните снежни врнежи има дефекти на водоводната мрежа F300.  Следните локации се без вода или со намален притисок:
– улица Булевар 1ви Мај (пред населба Кланица);
– улица Партизанска со дел од областа кај старата Касарна;
– Буковски ливади;
– Долно Оризари.

 

Share.