ТЕРА

REKLAMA???

ДО 9 ЧАСОТ ВО БИТОЛА ГЛАСАЛЕ 4,55 ПРОЦЕНТИ ОД ГЛАСАЧИТЕ

Сите гласачки места во Општина Битола вкупно 170 утрово навреме беа отворени и гласањето започнало, вели за Тера телевизија, претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски.

Вкупно запишани гласачи во единствениот избирачки список во Општина Битола е 77.419.

Вчера како што информира Талевски, во Битола гласале 136 болни и немоќни лица, а беа пријавени 140 за гласање, потоа 88 лица гласале во затворот во Битола, а од списоците за гласање ги има вкупно 100.

Се гласаше и во Старскиот дом Сју Рајдер, каде имашо 65 лица, а гласале 58.